Зоран Златковски го вивна женскиот фудбал до самите македонски височини

Во предигра на фудбалскиот натпревар од ВМФЛ – Исток помеѓу екипите на Каменица Саса – Слога Виница се одигра дерби натпреварот во женската Прва фудбалска лига на Македонија помеѓу Каменица Саса – Тиверија од Струмица. Го искористивме присуството на тренерот на Каменица Саса, Зоран Златковски накратко да ни ја опише оваа нова ситуација во која девојките чекорат по шампионскиот пат на Македонија.

Спортската редакција на Мнет ТВ е отворена за соработка со сите спортски екипи на истокот и во понатамошниот период можно е да се се врши директен пренос и од женскиот фудбал а на екипата на Каменица Саса им посакуваме нова шампионска титула со која виктрините на клубот ќе ги краси вреден трофеј.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk