
По повод светскиот ден на здравјето 7ми април, одбележан годинава во време на пандемија, градоначалникот на Општина Штип, д-р. Сашко Николов организираше работна средба со сите здравствени работници од Клиничка болница Штип, кои директно се инволвирани во работата со ковид 19 кризата и пациентите. Средбата се однесуваше на сите оние кои цели 14 месеци неуморно се борат со невидливиот непријател, настрана од своите семејства, во напори да спасат уште еден човечки живот.
„На оваа средба која што ја имавме дискутиравме за состојбата во Клиничка болница Штип, за квалитетот и третманот кој се нуди во новата модуларна болница, за ситуацијата со лекови, медицинска опрема и за типот на третман кои им се нуди на нашите пациенти“ – истакна Николов.
Релизираната средба се одвиваше според мерките и протоколите за заштите од невидливиот непријател. Во моменти кога бројот на новозаразени од Ковид 19 во Штип, конкретно рапидно расте, Николов со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, да внимаваат и да го чуваат своето здравје.
Лаура Стојанова М-Нет