
Со анкети и предавања во средните училишта во Штип денеска се одбележа Светскиот ден за борба против сида. Општината во соработка со Центарот за јавно здравје спорведоа предвање преку кое се подигна знаењето за средношколците за сексуално преносливите болести, начинот на заштита и превенција.
„Самите предтестирања покажа дека средношколците имаат основни познавањаа, но не доволни на оваа тема. Спорведовме предавања да ги подобриме овие познавања, па пост тестот покажа дека сепак едукацијата е од големо значење и битно за зголемување на нивните знаења.“ – вели Живкова.
Дека предавањата се корисни согласни се и средношколците од штипската гимназија. Велат на ваков начин го надоградуваат своето знаење за сексуално преносливите болести и начинот на кој треба да се спречат или пак да се превенира.
Овој проект во Општина се спроведува од 2010 година со пауза од неколку години заради ковид пандемијата. Годинава е повторен со цел навремена превенција од секусано преносливите болести, а се спроведе во сите средни училишта на теритроија на Штип.
„Овој проект во Општина Штип се спроведува подолг период почнувајќи од 2010 година. Проектот повторно се спорведува со средните училишта вклучувајќи го и ДМУЦ Сергеј Михајлов. Учениците беа анкетирани, се одржаа предавања“ – вели Санева.
Според податоците од Институтот за јавно здравје согласно постоечката евиденција на пријавени случаи заклучно со 31 октовмри 2023, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во државата, за периодот 1987–2023, изнесува 631, а од нив, 125 лица починале, а 506 лица живеат со ХИВ/СИДА.
Лаура Стоајнова М-Нет