
Денес се со три натпревари беше отворено 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На „Кукуш“ во Турново се соочија екипите на Брера Струмица и Воска Спорт од Охрид, дерби за опстанок во фудбалската елита кое заврши со минимална победа во 92. минута со голот на Мартин Ѓоргиевски.
Гостивар на домашен терен се соочи со Тиквеш во дербито за четвртото место на прволигашката табела, а кое заврши со 2:1 з домашниот тим.
Потук во 5. минута погоди за 1:0, а тоа беше и резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел Вареловски постигна гол за 1:1 во 69. минута, веќе во 78. минута Кехинде ги постави конечните 2:1.
На Чаир се соочија Шкупи и Македонија ЃП во скопското дерби за трите бодови кои беа важни и за двете екипи. Шкупи со 3:1 на домашен терен беше убедлив против „лавовите“ од Ѓорче. Феитоза во 4. минута постигна гол за 1:0, резултат кој беше и на полувреме. Во вториот дел Трапановски постигна гол за 2:0, а во 62. минута Илиевски стрелаше за 2:1. Во 86. минута Илиески постигна гол за конечни 3:1.
Утре се игра скопската дерби пресметка на Националната арена „Тодор Проески“ меѓу Работнички и Вардар, Шкендија на домашен терен ќе игра со Силекс, а пак лидерот и шампион Струга ќе ја пречека Брегалница на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет