Варадиновски: Доминиравме во текот на цел меч, многу важна победа за нас!

фото: ТВ М Нет

Детонит Плачковица запиша многу важна победа над Осогово во Кочани од 1:3, во меч кој можевте да го следите на телевизија М Нет, победа со која радовишани стават печат на визата која води во баражот за Прва лига.

Убедлива и доминантна игра, противникот не можеше да парира на одличниот тим на Иван Варадиновски, кој по меч за телевизија М Нет рече дека ова е многу важна победа за нив.

„Заслужена победа, одигравме одлично и доминиравме во текот на целиот натпревар. Многу важна победа за нас, честитки до моите играчи“, рече Варадиновски за М Нет.

Детонит Плачковица е трет со 49 бодови има осум бодови повеќе од Арсими кој е на 4. место и веќе го обезбедува баражот за Прва лига.

Александар Ванев, М-нет