Земјоделците се надеваат дека природата ќе им возврати со бериќет и ќе имаат бериќетна сезона

Започнаа подготовките на почвите за садење земјоделски култури. Земјоделците предупредуваат дека крајот на март и почетокот на април се клучни периоди и периоди за подготовки, а не за сеење на отворено. Тие велат дека најголем дел од работата сега е орање, култивирање и заштита на почвата, додека раноградинарските култури се одгледуваат под фолија.

„Се е под фолија, за овошје на отворено, рано е, на отворено не се сее. Мора да ја изораш, да ја исклутивираш, да ја испрскаш за од трева, ако сакаш да се роди, инаку без тоа нема ништо да се џанот, роди. Во овој период сега завршува зелката, после зелката доваѓа патлињ, пипер и тоа се е под фолија. После извесно време на отворено. За отворено е рано, дури во Мај месец. Температурите штом се во Србија, во Словенија, 7, 15 веќе е ризично се.

„На нивите сега се ора, се спремаат. Очекуваме пред Мај да садиме. Ќе садиме патлиџан, пипер, тиквички, бостани и на крај зелка. Сега за сега е добро времето за сите овошки, ние најмногу се плашиме за Април месец.“ – вели Ванчо Јованов

Сите анкетирани лица беа сложни во едно. Стравуваат од сланата која може сериозно да ги оштети плодовите

„Рано е уште, сега се завршуваат подготовки за кроење, за производство на јаболка. Подоцна малку ќе го садиме и компирот, бидејќи кај нас е малку поладно, да не има некоја слана и да го оштети. До сега е добро, да не послужи среќа, да расцветаат јаболките и да имаме бериќет.“- вели Миле Ставревски од село Лева Река.

За сега, временските услови се поволни, нивите се темелно подготвуваат, а земјоделците со трпение ги следат промените на времето. Се надеваат дека природата ќе им возврати со бериќет и дека вложената работа и подготовките ќе се претворат во бериќетна сезона.

Дајана Сандева, М Нет