
Зелката денес се трошеше како алва на пазарот во Штип. Граѓаните купуваа во големи количини, а тезгите речиси празни. Се купуаше и спанаќ, компир и марула, како и тиква, јаболко и мандарина карактеристични за периодов. Според продавачите, цените се идентични како и претходниот петок, па децидни се дека истите се реални согласно макотрпната работа и сушната година.
Купувачите според својо џеб различно гледаат на ситуацијата. За некој скапо, за друг дел скалдно, ама како што велат треба да се јаде.
Овој петок иако беше врнежливо и студнео, сепак тоа не ги спречи граѓаните за да излезат и да ги купат потребните продукти, па затоа тие ги наполнија своите торби и заминаа за да го подготвотат петочното гравче.
Лаура Стојанова, М-Нет