
Дванаесеттата средба на која традиционално се собираат, другаруваат, евоцираат спомени и се договараат за понатамошни активности на борачите – ветерани на Македонија ќе се одржи во Штип. Според информациите од Претседателот на Здружението, Томе Коцев на овој нивни заеднички собир покрај останатите се поканети Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, потоа Емил Павлов со тренерите Сашко и Жарко Арсовски со цел да им се оддаде признание за нивната макотрпна работа со која ги достигнаа и светските спортски височини. Колку за потсетување на оваа средба присуствува кремот на македонското борење кое жареше и палеше по струњачите ширум, Македонија, некогашна Југославија и пошироко по цела Европа. Многумина од нив беа повеќекратни шампиони на Македонија, на Југославија, освојувачи на Балкански, Медитерански, Европски, Светски па и Олимписки трофеи. Традиционалната 12 средба на Здружението на борачи – ветерани на Македонија ќе се одржи во ресторанот „Ваго“ на 27 ноември – сабота со почеток во 18.00 часот со богата содржина и многубројни пригодни изненадувања.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk