Од први декември почнува со работа бањата Кежовица во Штип

За неколку дена поточно од почетокот на нардниот месец штипјани, но и граѓаните од регионот ќе може повторно да ја посетуваат бањата Кежовица која ќе биде пуштена во функција. Денеска увид во фактичката ситуација извршија градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и вд директорот на ЈП Исар Трајче Здравков. Јорданов посочи дека недостатоци има, но дека до наредната недела ќе се направат напори истите да бидат отстранети. Исто така, реконструкција на бањата е планирана и за во текот на наредната година.

„Како што ветивме наша задача ќе биде ставање во функција и ставање во употреба, па затоа денес сме овде да направиме еден увид. Од она кое што можев да го забележам е дека има руинирани делови на самата бања, испукани чешми, руинирани кровови и други елементи кои имаат потреба од санација. Во текот на оваа недела ќе направиме максимални напори за да се санираат и реконструираат овие делови и веќе здравје од наредната недела , на почетокот на наредниот месец да ја пуштиме бањата во употреба. Наша цел е со новиот Буџет за 2022 година да направиме поголем опфат во реконструкцијата на оваа бања“ – кажа Јорданов.

Со посебни протоколи, прикажување на сертификат за примена вакицина против ковид 19, мерење температура ќе започне со работа оваа бања. По примерот на бањите од регионот, Здравков кажа дека ќе работи и бањата Кежовица.

„По пример на другите бањи во регионот донесовме одлука по барање на граѓаните да ја ставиме во функција и бањата Кежовица. Бањата ќе функционира по строги критериуми и протоколи, значи со приложување на сертификати за вакцинација, со мерење на температура, со намаелн капацитет така да веќе од 1 декември нашите граѓани ќе имаат корсит да уживаат во благодетите на оваа лековита вода“ – додаде Здравков.

Бањата Кежовица не работеше одредено време поради корона пандемијата. По нејзиното отворање на 1 декември цената останува иста, со тенденција доколку има можнсти да има и промени на истата.

Лаура Стојанова М-Нет