
Здравјето нема цена, постојано посетуваме лаборатории и често правиме крвна слика. Граѓаните на Штип согласни дека потребно е редовна контрола и практикување на советите од лекарите. Крвната слика е добар и брз скрининг метод, кој може да ни даде важни информации за менталното здравје, а неретко ни открива и некои скриени заболувања.
“Па сега, вчера направив и ми се добри резултати. На два три месеца може. Контрола на крвта е нешто добро и не е скапо, здравјето нема цена. Па еднаш или два пати во годината. Треба да се праве. На шест месеца, зависи како има потреба. Резултатите се никакви од секоа гледна точка. Во државното спрема другите не е скапо 200, 250 зависи што испитуваш. “ – велат штипјани
Кога станува збор за добра крвна анализа, неопходна е и здрава исхрана и многу луѓе размислуваат за тоа што е добро за срцето, варењето на хранта, намалување на крвниот притисок и се разбира губење на тежината преку активност и движење.
“На шест месеци, обавезно си правам крвна слика и до сега е добро. Значи секој треба да си води сметка за исхраната. Знаеме каква ни е исхраната за да ни биде здравјето подобро. Сакаме масна храна да јадеме, а да не се движиме.“ – додаваат штипјани
Потребна е исхрана богата со антиоксиданти, омега три масни киселини, влакна, витамини и минерали за да се придонесе оптимален проток на крв и отстранување на токсините од крвта, советуваат лекарите и апелираат поголема активност и движење.
Лаура Стојанова, М-Нет