Капиталните проекти во Виница главна тема на дискусија на средбата со евроамбасадорот Гир

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска оствари средба во Виница, со градоначалникот на општината Миле Петков како и со советниците од Советот на Општината. Можностите и потенцијалите со кои располага Општина Виница како и реалзиација на капитални проекти беа главанта тема на дискусија денеска. Акцент, градоначаланикот стави на проекти какп управувањето со цврст отпад, атмосферски води и слично.

„На средбата разговаравме за можностите и потенцијалите со кои располага Општина Виница, за реализација на тековни проекти со посебен акцент на проектите кои се реализираат со помош на Европската Унија. Тука би ги спомнал регионалниот центар за управување со отпад, изградба на регионална депонија, реконструкција на главниот колектор и секундарната канализациона мрежа како и изградба на атмосферска канализација во централното градско подрачје во Виница“ – вели Петков.

Гир посочи дека средбата била од огромно значење, се размениле значајни мислења и се разговарало на теми кои се од големо значење за виничани, како и развојот на самата општина.

„Во рамките на оваа финансикса поддршка која ЕУ ја има дадено тука за проекти во Виница го вклучува реализацијата на самиот проект за третирање на цврст отпад и за третирање на атмосферските води на колекторот. Исто така друг проект кој е финансиран од ЕУ е за домување на Ромското население тука во Виница и многу други.“ – вели Гир.

Гир ги посети и основните училишта во Виница со цел да забележи со какви пробеми се соочуваат тие и кои се приоритетите кои треба да се променат. Додаде дека поддршката од ЕУ продолжува и во иднина со цел општините да можат да се развиваат соодветно.

Лаура Стојанова М-Нет