
Младоженец, невеста, кум и страјеко, матичар и советник е комбинацијата за регистрација во време на пандемија. Нема простор за дополнители гости внатре во салата, се почитуваат определени мерки и протоколи. Тоа доведе и до намалување на бројот на регистрации во изминатиот период откако живееме во пандемија.
Меѓутоа, со олабавување на рестрикции во државата, се зголемува бројот на регистрации спроведни во Општина Штип. Конкретно од почетокот на оваа година се реализирале 50 регистрации, и сега само за месец мај се очекуваат исто така 50.
Идните младоженци имаат можност да спорведат регистрација и на отворено, чини поскапо но дозволено е присуство на 40 луѓе.
Овој викенд во Штип се закажни 13 регистрации идентична бројка има закажано и за наредниот викенд. Се очекува оваа бројка во континуитет да се зголемува.
Лаура Стојанова М-Нет