Ревијален натпревар Брегалница – Хајдук (Сплит) во Штип во чест на стогодишниот јубилеј

Како што доликува во стилот на европските големи тимови и штипските сини, играчите на Брегалница заеднички со стручниот штаб и менаџментот на екипата на чело со Кирил Гогов ја прославија второлигашката шампионска титула и враќањето на Брегалница во Првата Македонска фудбалска лига. Во екслузивното интервју со спонзорот на Брегалница Кирил Гогов,тој ја најави спектакуларната ревијална средба Брегалница – Хајдук (Сплит) во чест на 100 годишниот јубилеј од формирањето на штипските сини. Има симболика во оваа најава, Штип и Сплит се градови побратими, Хајдук е формиран во 1911 година а Брегалница во 1921 година а оваа желба е и на штипската локална самоуправа со целосна подршка од градоначалникот Сашко Николов. Брегалница има одлична соработка и со раководството на ФФМ кое се труди на најдобар можен начин да припомогне околу ангажманот и подобрувањето на условите на организирањето на вакви спектакли. Екслузивниот разговор со спонзорот Кирил Гогов за прволигашкото славје како и за најновите моменти кои се случуваат и ќе претстојат во Штип, ќе го емитуваме во понеделник 17 мај на програмата на Мнет ТВ, телевизија која во услови на пандемија и на празни трибини со директни преноси ви ја долови фудбалската треска во која Брегалница како единствената екипи во трите фудбалски лиги остана непоразена. Честитки од спортската редакција на Мнет ТВ со надеж за нови успеси и конечно во Штип да гледаме и европски и репрезентативен фудбал на градскиот стадион кој доживува ренесанса со ново свечено руво.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk