
Зголемен бројот на одобренијата за градење за само една година, најголем раст е забележан кај станбените згради. Според соопштението на државниот завод за статистика, во ноември 2025 година се издадени вкупно 304 одобренија за градење, што претставува зголемување од 16,9 проценти во споредба со истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 5,4 милијарди денари, што е за 27,1 процент повеќе на годишно ниво, што укажува на засилена инвестициска активност во градежниот сектор.
Од вкупниот број одобренија, 208 или 68,4 проценти се однесуваат на објекти од високоградба, односно станбени згради, 34 одобренија (11,2 проценти) се за нискоградба, додека 62 одобренија (20,4 проценти) се издадени за реконструкција на постојни објекти.
,,Во ноември 2025 година се издадени 304 одобренија за градење, што е за 16.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е за 27.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 ( 68.4%) се наменети за објекти од високоградба, 34 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 62 ( 20.4 %) за објекти за реконструкција.“, стои во соопштението на Државниот завод за статистика
Дополнително од таму посочуваат дека од вкупно 304 објекти, на 162 (53.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 761 стан со вкупна корисна површина од 67 767 м2.
Иван Митев, М-Нет