Зголемен бројот на мозочни удари, лекарите апелираат на внимателност и чести контроли

Бројот на мозочни удари во драстичен пораст – алармираат лекарите. Стресот, нередовната и нездрава исхрана, но и последиците од ковид-пандемијата, се меѓу главните причини за се почестите случаи на оваа опасна здравствена состојба. Лекарите велат дека особено во летниот период, овие случаи се почести.

,,Заголемен бројот на мзоочни удари секако е влијанието на секојдневниот живот како стрес, нередовна исхрана, нездрава исхрана. Бројот на мозочни удари е зголемен особено после ковид пандемијата. Се уште во светски рамки ќе се покаже и понатаму.“, рече

Важно е да се почитуваат сите препораки, кои што лекарите ги соопштуваат, вели Миновска-Рунтева. Таа е децидена дека само здравата исхрана и физичката кондиција се спасот за ова заболување.

Инаку, лекарите и понатаму советуваат, Ненадејниот скок на крвниот притисок треба да се бара итна помош. Симптомите поради кои треба веднаш да се посети лекар лекар вклучуваат ненадејни промени во видот, болка во градите, отежнато дишење, проблеми со говорот, ненадејна болка во грбот, вкочанетост или слабост.

Иван Митев, М-Нет