
Четврти ден нашата држава во портокалова фаза и под препораки од надлежните за заштита од високи температури. Ова придонесе за зголемен обем на работата на медицинските тимови во Итната помош во Штип, но бројот на колапси не е толку голем како бројот на направени амбулантски прегледи на лица кои се жалат од стомачен вирус. Надлежните велат од утринава за пет часа дваесетина граѓани побарле помош како резултат на стомачниот вирус.
„Македонија се уште се наоѓа во портокалова фаза, каде што зголемените температури го зголемија обемот на работа. Пациентите најчесто сега се жалат и на стомачни вируси, бидејќи летниот период се застапени стомачните вируси, проследени со гадење, повраќање и дијареа, а исто така зголемените температури резултираа и со зголемен број на колапси.“ – истакна Исидора Ристевска, докрот по Општа медицина.
Стомачниот вирус понатаму може да доведе до дихидрација на луѓето или колапс.
Надлежните и понатаму советуваат почитување на препораките за заштита д високи температури, носење светла и лесна облека, консумирање на полесна храна и многу вода. Во периодот од 11 до 17 часот да не се излегува на отворено без потреба. Препораките од Министерството за здравство и Владата за заштита од високи температури важат до утре.
Лаура Стојанова М-Нет