
Рампите за влез на паркингот во кругот на КБ Штип се поставени на старата капија и на капијата кај главниот влез, истакна директорот на КБ Штип, Владко Захариев. Регулирањето на движењето во болничкиот круг е потребно поради големиот обем на работа со кој секојдневно се соочува болница. Захариев посочува дека КБ Штип постепено ја презема улогата на регионален здравствен центар за цела источна Македонија.
,,Паркингот во кругот на КБ Штип се регулира со тоа што се поставени значи рампи за влес на старата капија и на капијата кај што е нормалниот влез. Сега самите служби се трудат максимално колку што можат да си ја вршат својата работа, но мора да напоменеме дека протоколот во КБ секојдневно расте, со тоа што ова е регионален центар што се централизира лека-полека во цела источна Македонија. Дали ќе биде зона или не, тоа досега не сме го разговарале, понатаму ќе видиме. Значи, сега акцент ставаме на поправка на ѕидот, отворање на нови паркинг места овде и подобар квалитет на влез во самата болница“, рече Захариев
Захариев вели дека во моментов приоритет се поправката на ѕидот, отворањето нови паркинг-места и подобрувањето на пристапот до болницата.
Ева Тушевска, М-Нет