Затворен главниот влез до КБ Штип, алтернативно ќе се користи задниот влез од кај „Стара капија“

Од задниот влез ќе се влегува во Клиничка болница Штип заради изведување на градежни активности на новиот кружен тек. Од болницата ги известуваат граѓаните, но и останатите здравни домови од регионот дека потегот помеѓу улицата „Генерал Михајло Апостолски“ и „Тодор Коларов“ ќе биде затворен за проток на сообраќајни возила, а ќе се користи задниот влез на болницата.

„Со отпочнување на градежни активности за реализација на проектот, односно поставување асфалт на кружниот тек, ќе биде затворен за сообраќај потегот помеѓу улицата „Генерал Михајло Апостолски„ и „Тодор Коларов“. Ќе се користи задниот влез на КБ Штип викан „Стара капија“на улицата „Љубен Иванов“ – стои восоопштението од болницата.

Проектот за Реконструкција на крстосницата помеѓу улиците „Генерал Михајло Апостолски“ и „Тодор Коларов“ е со цел изградба на мини турбо кружен тек кој ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот. Кружниот тек е со овална внатрешност и поврзува пет улици меѓу кои и улицата која води до штипската клиничка болница.

Лаура Стојанова М-Нет