Започнува пријавувањето за еден од најголемите турнири во мал фудбал „Црнилиште Куп 2023“

Во прилепското село Црнилиште секоја година традиционално се одржува еден од најголемите турнири во мал фудбал „Црнилиште Куп 2023“.

Интересот за овој турнир од година во година е се поголем, а на истиот учество земаат екипи од цела Македонија. Турнирот важи за еден од најдобро организираните во нашата држава. Пред две години турнирот го отвори македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, а пак лани турнирот го отвори претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

Пријавувањето е веќе започнато, а екипите може да се пријават најдоцна до 10. јуни, бројот на екипи е органичен до 32 екипи, а веќе има пријавено повеќе од десетина екипи.

Ждрепката е закажана за 11. јуни, а турнирот ќе биде отворен три дена подоцна, односно на 14. јуни. Големото финале е закажано за 5. јули.

Котизацијата за учество по екипа е 4.000 денари, а турнирот ќе се игра по систем на бод со професионални судии.

За прво место наградата изнесува 100.000 денари, за второто место е предвидена парична награда од 60.000 денари, а пак за третопласираната екипа награда од 30.000 денари. Дополнително ќе има и индивидуални награди за најдобрите играчи на турнирот.