
Од денеска започнува месецот Рамазан, еден од најважните месеци за Муслиманите во кои се пости, треба да се биде трпелив, милостив и солидарен. Тоа е месец на милостина, љубов и простување.
„Рамазанот ни започнува денеска и ќе трае еден месец, и овие денови за нас муслиманите се многу важни, бидејќи ова не се само денови кога се гладнува и треба да се остане жеден, туку ова се денови кога човекот треба да биде трпелив, милостив, солидарен. Самиот чин на постење не учи на ова.“ – вели Ердован
Во овој месец се простуваат гревовите, а Муслиманите постат се до празникот Рамазан. Тоа значи дека не јадат, не пијат вода, алкохол и цигари во текот на целиот ден. Постот почнува од изгрејсонце и трае до зајдисонце. Во тој временски период се воздржуваат и од лоши мисли и идеи.
„Овој месец е месец кога се простуваат гревовите и како што на нас ни ги простуваат така треба и ние да простиме. Овој месец деновите треба да бидат исполнети со духовност бидејќи во спротивно месецот ни поминал напразно“ – додава Ердован
Рамазан трае во целиот деветти месец од исламскиот календар. По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневниот празник Рамазан бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет