
Иако се’ уште официјално не е отворен трансфер пазарот во македонскиот фудбал, екипите започнаа со промоција на нови засилувања, а притоа и да се разделуваат со играчи на кои нема да сметаат во пролетниот дел.
Засега поактивни се второлигаши – Беласица се раздели со Анатолиј Петејчук, двете страни се договорија за разделба, а Петејчук не одигра многу за струмичкиот клуб.
Во следниот период се очекуваат првите зимски засилувања во редовите на Беласица.
Шкендија Арачиново засега е со две засилувања, како што веќе објавивме се работи за голманот Антонио Столевски и голгетерот Владимир Жоглев, во тимот од Арачиново ќе има уште неколку засилувања.
Охрид ќе цели кон тоа да го сочува целиот тим, а потоа не е исклучена можноста за две до три поквалитетни засилувања. Слично ќе биде и кај Новаци, кој сака да го сочува тимот од есенскиот дел кој направи одлични резултати, а да донесе четири до пет засилувања и да ги напаѓа бараж позициите за Прва лига.
Засилувања се очеува и во тимот на Брегалница, како и во Детонит Плачковица. Некои клубови веќе имаат договорени засилувања, па само прашање е кој ден кога би биле промовирани.
Осогово откако остана без Владимир Жоглев размислува за негова соодветна замена, а тимот од Кочани веќе води преговори за засилување во нападот.
Кај екипите од долниот дел од табелата и големи промени прашање е дали ќе може да донесат доволен квалитет за да бидат максимално перфекти за да се обезбеди опстанокот пред се како Големо Коњари, Слога Виница, Преспа, Победа, Вардар Неготино.
Третолигашот Еуромилк ГЛ кој е есенски шампион во Трета лига – Север го промовираше своето прво зимско засилување, се работи за Димитар Стојановски.
Александар Ванев, М-Нет