Започнаа градежните активности за реализација на патниот правец Шашаварлија, Кошево и Почивало. Истите ги најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов додавајќи дека ова е долгогодишна потреба на овдешните граѓани.
„Станува збор за долгогодишна потреба на овој дел од Штип, на жителите кои гравитираат, живеат, трнзитираат по овој досега импровизиран патен правец. Од денес започнуваме со нанесување на земјениот слој, веднаш потоа ќе се пристапи со асфалтирање и се надевам дека ова ќе биде подобрување на патната инфраструктура и на најдалечните делови од Општина Штип.
Станва збор за пат во должина од еден километар, проект во кој Општина Штип со сопствен Буџет учествува со над еден милиони денари од потребните пет милиони.
Во иднина ќе се следат сите повици кои ќе бидат распишани, Општина Штип ќе учествува со сопствени средства за да се направи повеќе за граѓаните во градот под Исарот, додаде Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет