Започнаа активностите за поставување на нов водовод во село Лакавица, инвестиција над три милиони денари

Започнаа активностите за поставување на нов водовод во штипското село Лакавица. Со ваквата промена на стариот водовод се решава деценски проблем со кој се соочуваа жителите од место. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека за ваквата инвестиција општината од својот буџет изводи нешто повеќе од три милиони денари, се со цел решавање на проблемот кои покрај за жителите претставуваше и за ЈП Исар.

“Се наогаме во село Лакавица, овде се започнати активности за поставување на нов водовод во ова село во кое што жителите со години наназад бараа реконструкција и промена на стариот водовод, кој што е повеќе од 40,50 години, имајќи во предвид дека честите дефекти создаваат проблеми не само ај домакинствата, туку и и кај ЈП Исар, заради несоодветните линии кои што своевремено биле инсталирани. Навистина ми е драго кога се решаваат децениски проблеми, а нешто повеќе од три ипол милиони денари ќе бидат инфестирани во ова село за нов водовод, долгогишно е барањето.“, истакна Јорданов

Ваквата инвестиција е во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница и локалната акциона група Плачковица. Покрај водоводот, планирани се и неколку краци до десетина домакинства и со тоа да се заокружат барањата на жителите од селото, додава Јорданов

“Освен водовод, планирани се и неколклу краци кои што се заборавени до десетина домакинства и со тоа да се заокружат барањата на жителите од ова село, затоа што со години наназад беше заборавено, практично со години нанзад никој не инвестирал во ова населено место.“, додава Јорданов.

Инаку, жителите со години наназад бараа реконструкција и промена на водоводот, бидејќи се соочуваа со чести дефекти и затоа со ваквата инвестиција тие ќе имаат соодветни услови за живот.

Лаура Стојанова, М-Нет