
Во недела 10 ноември со почеток од 13 часот ќе се организира традационалната семакедонска средба во Штип. Ваквата организација е помеѓу здружението на македонци од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ и сојузот на здруженијата на македонците и децата бегалци од егејскиот дел на Македонија „Македон“. Настнот ќе се оддржи во ресторант Астибо плаза Штип, а организаторите топло ги покануваат заинтересираните да повелат и да присуствуваат на овој свечен настан.
“Традационално здружението на македонците од Егејска Македонија Мирка Гинова, заедно како член и со организатор и сојузот на здруженијата на ниво на Македонија Македон организира традационална така наречена егејска средба, бидејќи произлегува од здружението на македонците од Егејска Македонија и порано беше така наречено Егејска средба, но сега прерасна во една се македонска, бидејќи и самиот собир покажува на тоа дека, бидејќи гостите кои доаѓаат го наметнуваат тој налов, односно ќе имаме гости од сите креви на македонија. Ќе има културно, забавна програма, ќе биде од културен забавен карактер, односно ќе имаме песни од сите краеви.“, истакна Димков
Цената на картата чини 750 денари и истатата оваа година е по евтина во однос на претходните години, благодарение на дополнителната помош за самата организација.
“За нашите слушатели картата е 750 денари, оваа година имаме помош и ќе биде по ефтина во однос на изминатата година, меѓутоа збогатена во однос на минито. Пред се не е толку важно тоа, туку тоа што ќе се случува, а тоа е дека ќе има квалитетна и убава забава.“,додава Димков
Заинтересираните кои што сакаат да бидат дел од оваа забава можат да се обратат на профилот на Мирка Гинова на фејсбук, како и на профилот на дел од организаторите Трајче Димков, но и да се обратат до сите оние кои што ги познаваат. Каритете ќе бидат во продажба до сабота, а во недела е веќе самиот настан.
Лаура Стојанова, М-Нет