Започна уредувањето на плоштадот во село Долни Балван, од утре ќе се асфалтира третиот влез во село Таринци

Започна уредување на плоштадот во село Долни Балван,нова површина која ќе биде паретно уредена и ќе му даде нов и современ изглед на ова населено место. Станува збор за довршување на проектот со изградбата на каналот Герен во село Долни Балван, со што истиот ќе биде целосно комплетира. Проектот е финансиран од страна на Владата преку унгарскиот кредит.

„Продолжува истиот проект уредување на една партерна површина во истото населено место, место кое ќе биде дополнителен урбан лик на селото Долни Балван. Во наредните денови очекувам да биде комплетиран овој целосен проект. Истиот е финансиран од унгарскиот кредит“ – вели Паунов.

Во меѓувреме продолжуваат и останатите активности во Општина Карбинци, во повеќе населени места пред се во делот на инфраструктурата. Од утре треба да започне асфалтирањето на третиот влез во село Таринци, а ќе се реконструираат уште две улици.

„Се очекува во наредните денови да се асфалтира улицата која е трет влез во селото Таринци, во должина од 540 метри должни. Завршено е речното корито на Козјачка река, а проектите за патната инфраструктура ќе продолжат и во месец март“ – додава Паунов.

Како што посочи Паунов со подобрување на временските услови, ќе се работи на терен во сите населени места во делот на патната инфраструктура.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет