
Започна проектот за уредување на археолошкиот локалитет Баргала. Општина Карбинци во соработка со НУ Завод и музеј Штип, како и Источно плански регион започнува со уредување на еден од најзначајните археолошки локалитетити во општината. Обезбедени се шест милиони денари, а Општина Карбиници учествува со кофинансирање од 10%.
„Се работи за проект кој заеднички со Музејот го аплициравме преку ИПР и успеавме да обезбедиме финансиски средства во висина од шест милиони денари од страна на Бирото за регионален развој и еве конечно од денес започнуваме со реализција на истиот. Се надевам дека ќе нема проблеми во текот на изведбата и дека кога ќе го реализираме овој проект ќе добиеме една поинаква слика на ова историско место. Локалитетот Баргала заслужува да биде место коешто ќе понуди повеќе содржини за посетителите“ – вели Паунов.
Локалитетот Баргала освен што ќе биде уреден ќе биде вклучен во туристичката мапа, со што ќе нуди повеќе содржини за посетителите од Источниот регион, но и од цела држава. Задоволни од сработеното се и од Завод и Музеј во Штип.

„Од утре започнуваат градежните работи на проектот Осветлување и оградување, мапирање на локалитетот Баргала со што се надеваме дека овој локалитет ќе го добие своето значење, својата зашитита, ама ќе биде вклучен и во туристичката мапа однонсо во туристичката посета па да речеме 24 часа.“ – вели Штерјов.
Овој проект треба да биде завршен во текот на месец август оваа година.
Локалитетот Баргла е еден од најатрактивните локалитети во Општина Карбиници и место за посета за граѓаните од Истокот. Со завршување на овој проект содржините кои ќе се нудат на граѓаните ќе бидат поголеми и многу позначајни.
Лаура Стојанова М-Нет