Започна уредувањето на градскиот стадион во Штип со нова пристапна уличка и нов влез

Започна уредувањето на градскиот стадион во Штип. Денеска се означи почетокот на градежните активности за изградба на пристапен пат, а се очекува сите активности да бидат завршени до крајот на оваа година. Во завршна фаза е реконструкцијата на трибина, а како што истакна градоначалникот Јорданов се прават планови за реконструкција и на другата трибина која е веќе дотраена.

„Денес започнуваме со уредување на просторот во рамки на стадионот, ќе се изведува пристапна улица со нов влез, ќе се третираат парикинг простори. Во завршна фаза се активностите за изградба на трибината. Продолжуваме со планови за реконструкција на другата трибина која е дотраена. Очекува до крајот на оваа година Штип да добие репрезентативен градски стадион. Вкупната инвестиција на уредувањето на површината е три милиони денари.“ – вели Јорданов.

Со активностите на терен Јорданов истакна дека Штип ќе добие современ и модерен стадион, а преку вакви зафати Локалната власт вложува инфраструктурно во спортот.

„Очекувам градот да добие еден модерен, современ, градски стадион, како што заслужува“ – додаде Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека во периодот кој следи, со подобрување на временски услови ќе се пристапи и кон асфалтирање на сите улици кои веќе се припремани да добијат асфалтен слој.

Лаура Стојанова М-Нет