Закажана ждрепката за баражите за Втора лига, натпреварите ќе се одиграат на 28. мај!

Фудбалската федерација на Македонија за 25. мај ја закажа ждрепката за баражите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига.

Како што веќе објави телевизија М Нет, во баражот ќе се натпреваруваат петте шампиони од петте региони на Трета лига и еден второлигаш.

Новаци како шампион на Трета лига – Југозапад, Осогово како шампион на Истокот, Башкими како најдобар на Северот, Вардар Неготино како шампион на Југот и Влазерими како шампион на Трета лига – Запад. Во баражот влегува и Тетекс како второлигаш, кој ќе се бори да го задржи второлигашкиот статут.

Ќе се одиграат три натпревари, а ждрепката може да посака соочување на секој против секого.

Натпреварите за баражите за влез во Втора лига ќе се одиграат на 28. мај, а според пропозициите, трите екипи кои ќе победат ќе обезбедат место во Втора лига, додека пак со ждрепка ќе бидат извлечени две екипи кои ќе ги пополнат последните места во Втора лига за следната сезона 2023/2024, една екипа од поразените ќе „извиси“ и автоматски ќе патува во Трета лига. Ќе бидат извлечени две екипи, наместо една, бидејќи причината е откажувањето на Ренова од натпреварување.

Третолигашите покрај спортскиот резултат, ќе мора задолжително да ги исполнуваат и критериумите за натпреварување во Втора лига.