
СВР Штип започна со превентивни активности за престојните матурски прослави. Под мотото „На матура без автомобил, алкохол и дрога“ апелираат до матурантите да бидат зрели и одговорни и на тој начин да придонесат за безбедност во сообраќајот и зачувување на јавниот ред и мир.
„Во таа насока нагласено е учениците да не доаѓаат или да се враќаат со нивни или со автомобили на нивните родители. Целта на овие активности е да се превенираат несакани настани и појави и да се овозможи не пречено и безбедно прославување во училиштата или угостителските објекти. СВР Штип апелира до матурантите, под мотото „На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанци“ како и безбедни матурски прослави за мерките и последиците од непочитувањето на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а сѐ со цел прославите да минат безбедно и мирно“ – вели Панајотова.
Во оваа прилика од СВР Штип упатија честитка до сите матуранти, а се надеваат дека апелот од нивна страна ќе вроди со плод и нема да има нескани настани во периодот кој престои.
„СВР Штип на сите матуранти им ја честита матурата и апелира до нив да ја покажат својата матурска зрелост на дело на тој начин што ќе покажат дека се зрели, совесни и одговорни личности. “ – додава Панајотова.
Од полицијата посочуваат дека и тие постојано ќе бидат на терен, со цел да се зачува безбедноста во градот, во сообраќајот и на мирен и достоинствен начин да се прослават матурски вечери.
Лаура Стојанова М-Нет