
Денеска во улилиштата во Кочани започна запишувањето на ученците во основото образование родени во 2019 година во прво одделение. Кочанскиот регион опфаќа околу 134 обрвзници кои имаат термин за запишување во прво одделние. При уписот родителите се должни да достават уредна документација која опфаќа копија од матичната книга на родените на ученикот, копија од лична карта на родителот на ученикот потврда за уреден вакцинален статус, потврда од стоматолошки преглед, потврда од очен лекар, изваден од страна на надлежни здравтсвени установи. За децата со посебни потребни истакнаа дека родите се должни да достават мислење од комисијата за проценка на деца и младицни според МКФ.
„Нашиот регион опфаќа 134 обврзиници кои што имаат добиено покана и термин за да се запишат во прво одделение. При запишувањето родителите треба да ги приложат следниве документи извод од матичната книга на родените на ученикот копија, копија од лична карта од родителот,потврда за примени вакцини задолжителни вакцини, потврда од стоматолоќки преглед, потврда од преглед кај очен лекар изваден од надлжени здравствени установи. При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот односно старателот, е должен да достави мислења од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна обрзовна социјална и здравствена поддршка според МКФ“ – вели Симова.
Исто така училиштето организира и престој наменет за учениицте од прво, второ и трето одделение.
„Нашето училиште исто така огранизира и претој а ученици од прво, второ и трето одделение и ги поканувам исте ученици кои припаѓаат на нашиор регион да си го спазат терминот за запишување.
Оваа учебна година во основноите училишта во Општина Кочани образованието во прво одделение го започнуваат 259 првачиња за кои Општина Кочани за првпат ќе обезбеди субвенција од 3000 денари за секое запишано прваче.
Лаура Стојанова М-Нет