Започна судењето за зетот кој во август се обидел да ги убие родителите и братот на неговата сопруга

Започна судењето за зетот кој во август годинава ги нападнал родителите и братот на неговата сопруга. Во судот во Штип денеска, се одржа првото рочиште за кривично дело убиство во обид. На обвинетитот 37 годишен жител од село Таринци на товар му се стави и кривично дело нанесување телесна повреда. Основното јавно обвинителство Штип побара соодветна казна за обвинетиот и имотно правно побарување. Истакнаа дека со докази ќе покажат дека на 3 август годинава во дворот во семејната куќа во населба Баби во Штип, обвинетиот ги нападнал родителите и братот на неговата сопруга. Имено, ден по враќањето од Германија, сега обвинетиот заедно со неговата сопруга и нивните малолетни деца биле на семеен собир кај родителите на сопругата, каде прво започнале вербална расправија, а потоа се случувала вистинска драма. Како што посочија оштетените, физичката пресметка била со дрвени бркалки, секири, па дури и со метална цевка, за на крај да завршат во болница.

Бабата на сега обвинетит побара од Судот да донесе мерка за ограничување на неговит пристап кон нив и нивното место на живеење.

Од друга страна одбара посочи три клучни факти кои според нив треба да се земат предвид за правилно одлучување. Додадоа дека обвинетиот немал умисла да ги лиши од живот оштетените и дека не постои однос меѓу нив за да има семејно насилство. Потврдуваат дека имало силна вербална расправија, но дека обвинетит бил нападнат и дека морал да се брани. И тој како и оштетените од тој настан на 3 август се здобил со телесни повреди. Бараат да биде ослободен од обвинение.

Обвинетиот во своето обраќање пред Судот истакна дека не се чувствува за виновен бидејќи не ги сторил делата кои му се товарат од страна на обвинителството.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет