Започна ревакцината со „Астра Зенека“ во штипскиот вакцинален пункт

Околу 300 граѓани денеска примаа прва доза вакцина од производителот „Фајзер“ во салата Јордан Мијалков во Штип. Вакцини за аплицирање прва доза има доволно заклучно до петок, информираше координаторот за вакцинација, доктор Дијана Коцева Миланова. Во меѓувреме денеска 30 тина граѓани примија втора доза вакцина „Астра Зенека„.

За граѓаните од ризичната инфраструктура или они со приоритет за вакцинација, истата ќе се аплицира доколку останат дози вакцини.

Според информации од Министерството за здравство  Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Со последните бројки 51% од населението над 70 години 45% од населението над 65 години 38% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

Лаура Стојанова М-Нет