Започна петтата меѓународна конференција во Штип, на тема „Здравството во време на пандемија“

Утринава во Штип започна петтата меѓународна конференција, чија глава тема е здравството во време на пандемија. Во мултимедијалниот ценатр Киро Глигоров во Штип присуствуваа преставници од седум држави, вклучувајќи ја и Општина Штип. Според првиот човек на градот, Иван Јорданов од големо значење е да се разменат искуства и заеднички да се делува против ковид 19.

“Темата како што е познато е функционалноста на здравствениот систем во време на ковид пандемија, во време на ковид криза, размена на искуства, сѐ она што ќе го размениме, споделиме и слушнеме е добивка за нас како општина и вакви и слични настани кои во иднина ќе се случуваат во нашиот град е само додавање на вредност во развојот на нашата општина“ – истакна Јорданов.

За придобивките од ваквите конференции зборуваше и заменик градоначалникот на италјанската Општина Бергоманеро, Игнасио Стефано, кој истакна дека општината е водечки лидер во проектот и важни се заклучоците од истиот.

„Навистина ми е мило што сум поканет да присуствувам на овој состанок и што сум во Штип, ова е навистина прекрасен град. Прокетот Спринг започна во месец јули 2021 година, оттогаш имаме оддржано неколку состаноци, во Шпанија, во Полска, а сега ја имаме честа д абидеме во Македонија. Целата на овие состаноци е да извршиме размена на најдобрите практики и искуства во справувањето со здравствените предизвици, како што беше пандемијата на ковид во 2020/21 година и се разбира секоја земја има свои предности односно свои силни страни, најдобри практики од своја перспектива кои може да ги сподели, па со собирање на тие најдобри практики мислам дека можеме да постигнеме подобри решенија и истите да ги споделиме“ – кажа Стефано.

Проектот Спринг солидарност во акција започна денеска и активности во Штип се закажани и за наредните два дена. Целокупното времетрање на прокетот е 24 месеци до 31 март 2023 година, а истиот е финансиран од страна на Европската Унија.

Лаура Стојанова М-Нет