Нефункционалните јавни тоалети и градски чешми во Кочани го засенуваат новиот парк

Нова фонтана, осветлување, поплочување добри градскиот парк во Кочани. Активностите се уште не се до крај завршени, меѓутоа паркот полека добива сосем нов и поинаков лик. Ги прашавме кочанчани дали се задоволни од направеното до сега, но повозрасните анкетирани граѓани се согласни дека прво треба да се реши проблемот со јавните тоалети и градските чешми, а потоа да се работи на реконструкција на паркот. Велат едно се прави, друго се растура, без разлика од која партија е првиот човек на градот.

Кога целосно ќе биде завршен прокетот со реконструкција на градскиот парк во Кочани, како и дали има доволно финансиски средства за негово завршување, го прашавме првиот човек на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Тој истакна дека средства има колку што се предвидени во проектот, и се надева дека во најбрзо време истиот ќе биде завршен.

„Нема потреба од доволно средства, тие средства кои се предвидени со проектот ќе бидат наменети за реализација на целокупниот проект, односно за основната намена на проектот и очекуваме многу брзо да биде завршен овој проект.

Првично проектот за градскиот парк во Кочани предвидуваше изградбата на челичен печашки мост што ќе го поврзува Трговскиот центар со  Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“. Заедно со атрактивната фонтана, во близина на Летната сцена, се очекуваше ова решение кардинално да го смени ликот на кочанското кејско шеталиште.

Лаура Стојанова М-Нет