Започна дистрибуцијата на избирачките ливчиња, во недела втор круг Локални избори

Утрово започна дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025, информираат од Државната изборна комисија (ДИК), кој ќе се реализира во недела на 2 ноември.

Граѓаните во вториот круг ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. 

Во Општина Виница, право на глас имаат 17 060 избирачи, во Пробиштип 12 251. Во Македонска Каменица своето право на глас можат да гоостварат 6650 гласачи, 5068 во Чешиново Облешево, 2506 во Зрновци.

Во сабота ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Локалните избори ќе ги следат 1.569 набљудувачи – 904 домашни и 651 меѓународен, а акредитирани за известување се и 14 странски новинари. На 2 ноември ќе има прегласување за членови на совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што можно е да се влијае на распределбата на советничките мандати.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет