Запленети 323 штеки цигари со вкупна вредност од 694 000 денари, при контрола на возила и на патници

323 штеки цигари со вкупна вредност од 694 илјади денари, открија царинските службеници и мобилни тимои при контрола на возила и на патници. Дури 231 шетки цигари со македонски акцизни маркички и 1,5 кг тутун без акцизни маркички се отркиени на меѓународниот Ареодром во Скопје, а вкупната вредност за истите изнесува 367.130 денари. Тие се пронајдени при контрола на патните торби на двајца македонски државјани, кои имале намера да отпатуваат со лед за Лондон. Исто така, царинските службеници од царинската испостава Аеродром Скопје и припадниците на Граничната меѓуагенциска единица при контрола со помош на скенер во патни торби на патник, пронашле 203 штеки цигари и 1,500 грама тутун, а во патна торба на друго лице 28 штеки цигари.

33 штеки цигари кои биле скриени во два камиони, се пронајдени исто така на граничниот премин Богородица, при што царинските службеници го спречиле шверцот.

При контрола на автомобил во Битола, пронајдени се и 59 штеки тим се откриени и во автомобил, како и 90 електронски цигари во фабричка празнина во подвозјето на камион управуван од македонски државјанин. И овој случај е спречен за влез во државата.

Иван Митев, М-Нет