Заминаа во пензија луѓето кои целиот работен век го поминале во Клиничка болница Штип

Континуирана работа, успешен и макотрепен плоден период поминат помагајќи на пациентите и спасувајќи човечки животи. Вработени кои целиот свој живот го поминале во болниците свечено заминаа во пензија, одбележувајќи го Денот на здравјето – 7 април. Медицинската сестра Силвана Ајтовака 32 година била дел од Инфективното одделение при Клиничка болница Штип. Сега кога замина во пензија вели иако тешко, работата за неа била убава затоа што помагнала на голем број пациенти.

„Колку години работевте во КБ- Штип ?-32 години на инфективно одделение. Како го поминувавте работното време таму?- убаво, тешко. Дали ќе ви недостига? – во почеткот да. Убаво е младите да останат и да работат тука, работата е убава, напорна и да бидат успешни во работата. Дали се сеќавате на вашопт прв работен ден?- 1 март 1992 година“ -изјави Ајтовска

42 години на одделот за хирургија поминал Ратко Јованов. За М-Нет телевизија вели дека има доста моменти за паметење и доста работа која за него преставувале задоволство.

„Колку време работевте во КБ- Штип? -42 години. Каде работевте?- на хирургија. Младите нека останат, но не сакаат поради малите плати и затоа не се примаат нови доктори“- изјави Јованов

Инаку, манифестацијата за одбележување на Светскиот ден на здравјето 7 април беше проследена со вокално-музичка програма, во која се интонираше химната, а истовремено беше придружена со звуци од виолина.