
На новинарско прашање како поминаа разговорите за историските прашања помеѓу Бугарија и Македонија, Заев со одговори: Разговорот со Министерот Османи и Премиерот на Бугарија Борисов протекоа добро, но разговорите помеѓу Министерката Захариева и Османи не се баш добри. Тоа што е предложено од таа страна, ниту е добрососедство, ниту е братство, а ниту најмалку е европско.