
На 11.10.2020 во 01,20 часот на место викано „Виничка крстосница“, на магистралниот пат Штип – Делчево, атар на Виница, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(21) од Кочани, кој управувал моторно возило без регистарски ознаки, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.