
Пред една година во Министрството за правда беше формирана работна група која работеше на планот за дигитализација на судството, а денеска на прес конференција на Премиерот Зоран Заев беа соопштени првите резултати.
„Од денеска по електронски пат ќе се вади потврда од казнена евиденција. Набрзо ќе се почне и со услугата за потврда за кривична како и уверение дека против лицето не е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност. Сите овие уверенија и потврди на граѓаните ќе им се потребни за вработување, доколку сакаат да добијат виза или работа во странство, со други зборови тоа е доказ дека немаат сторено кривично дело и не се води кривична постапка“ – додаде Заев.
Ова ќе биде брзо лесно и поефтино истакна Заев. Граѓаните заштедуваат време и пари, истоврмеено нема потреба да чекаат по шалтери и за еден документ да патуваат од еден до друг град. Со ова и судовите ќе направат заштеди кои понатаму може да ги употребат и инвестираат. Заминува во историја вадењето на хартиени документи за кои се чекаше со денови, со лично присуство и тоа во судовите во местото на раѓање.
Со дигитализиација на судовите во државата ќе се овозможи судење на далечина, но и зачувување на виде записот. Истовремено се работи и на изгрдаба на судници во затворите, додаде Маричиќ.
Лаура Стојанова М-Нет