
Продолжува процесот на имунизација во државата. Вакиналните пунктови се отворени секој работен ден, а примањето прва доза вакцина се одвива без закажан термин односно секој граѓани кој сака да се вакцинира тоа може да го стори во некој од вакциналните пуктови во државата. Дополнително на ова сега се аплицира и трета доза вакцина. Во Штип и Кочани бројката на граѓани кои се вакцинираат е различна од ден во ден.
Во Здравствениот дом Панче Краѓозов во Штип дневно се вакцинираат од 50 до 100 пациенти, конкртено денеска до 14 часот со прва и втора доза се боцнати 52 лица. Немало аплицирање на трета доза вакцина, а ако што истакна координаторот за вакцинација, Дијана Коцева Миланова намален е и интресот бидејќи оние граѓани кои сакале а примаат трета доза вакцина тоа веќе го сториле. Достапни вакцини се уште се Синовак, Астра зенека и Фајзер.
Интерес за вакцинација денеска нема во Кочани. Надлежните здравствени работници велат и покрај тоа што е пазарен ден интересот е намален најверојтано заради лошото време.
Според информации од министерството за здравство Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Вкупно се аплицирани 1.537.124 дози вакцини, а ревакцинирани се 743.374 граѓани, трета доза вкупно примиле 571 граѓани. 47% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина, а 44% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини.
Лаура Стојанова М-Нет