
За да се постигне задоволителна имунизација на населението во нашата држава потребно е да се вакциниратт 1 милион граѓани, или тоа се некаде околу 2 милиони вакцини. Меѓутоа сегашната состојба зборува нешто друго. Со 8000те вакцини од производителот „Фајзер“ кои пристигнаа како донација од Република Србија, кај нас се вакцинирани повеќе од 2000 лица поточно здравствен кадар кој дирекно е изложен на допир со ковид пациентите. До крајот на изминатиот месец требаше да пристигнат 200 илјади вакцини од Кина, но авансот е вратен а од вакцините ни трага ни глас. Премиерот Заев истакна дека денеска е потпишан договорот со производителот „Фајзер“ дека вакцините пристигнуваат во првиот квартал од годината, што значи според него до крајот на месец март оваа година треба да пристигнат тие вакцини.
„Договорот од „Фајзер“ стигна во првиот квартал, тоа значи до крајот на март ќе ги добиеме тие 21 илјада вакцина. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини, во третиот и четвртиот се најголемите количини. Не се работи за несериозност заради тоа што знае целиот свет и знае целиот наш македонски народ дека единствена причина е недостатокот на количини на производство на вакцини, за било која вакцина да се работи. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од што е доволно“ – истакна Заев.
Кај нас на хартија има некаде околу 2 ипол милиони вакцини од различни производители меѓутоа во диспанзерите ни четвртина од истите. Според Заев денови се во прашање кога државата ќе започне со масивна имунизација на населението.
За разлика од нашата држава, земјите од соседството веќе масовно го имунизираат населението. Во Република Србија на пример до сега има вакцинирано над 1 милион граѓани. Исто така договорите со производителите како и преговорите овозможуваат пристигнување на вакцина за 7 дена до една недела. Македонија имаше договор со Кина, но аванст беше вратен назад. Нова надеж за вакцини е крајот на овој месец.
Лаура Стојанова М-Нет