
Завршува целосната реконструкција на улица „Борис Кидрич“, која е една од најфрекветните во централното градско подрачје, бидејќи ги поврзува поголемите населби со центарот на градот. Градоначалникот на Oпштина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека денеска се става првиот асфалтен слој, по замената на водоводната и канализациона мрежа, која беше стара околу половина век. Tој истакна дека за целосната реконструкција на улицата „Борис Кидрич“ инвестирани се 12 милиони денари од буџетот на Општината.
,,Се наоѓаме на ул. ,,Борис Кидрич”, улица која во изминатите неколку недели беше комплетно реконструирана, најпрво со промена на подземната инфраструктура. Оваа улица е рак рана за Општина Штип затоа што во изминатите децении имало чести дефекти во водоводхната мрежа, чести прекини во водоснабдувањето заради дефектите на водоводната мрежа и чести прекупи на истата улица и секогаш била третирана била површински третирана со цел да биде прометна, да биде во фукнкција и никогаш претходно никој не одлучил темелно да навлезе во овој опфат и да биде целосно реконструирана улицата со промена на подземна инфрастуктура и надземно третирање. Денес после завршувањето на активностите кои претходеа се асфалтира првиот асфалтен сјој. Во текот на денот истата улица ќе биде веќе фунционална, а во следните неколку денови ќе биде поставен и вториот асфалтен сјој и со тоа улицата ,,Борис Кидрич”, ќе биде комплетно завршена со конструкцијата која ја предвидвме за неа. За оваа инвестиција Општина Штип издвои 12 милиони денари, во прва фаза подземна реконструкција и втора фаза двосјојно асфалтирање на улицата”, рече Јорданов
Градоначалник Јорданов истакна дека ова се парите од граѓаните и во наредните години ќе се направат нови катни гаражи, паркови, улици и друга инстраструктури. Тој вели дека целта е средствата од граѓаните да се вратат преку конкретни проекти и подобра инфраструктура.
,,Во исто време сакам да ја искористам оваа прилика да им порачам на опозицијата која деновиве ги обиколува сите проекти кои ги работиме на територија на Општина Штип. И велат цел град е раскопан. Сакам да им порачам дека во наредните неколку години градот ќе биде реконструиран како никогаш досега, затоа што тоа што не можеле тие, како и многу други, 50 години, јас ветувам за 3 години, целиот град ќе го реконструрам. Ќе гледаат уште многу раскопани улици, уште многу работи, уште многу асфалтирање, уште многу паркови, уште многу катни гаражи. Затоа што ова се пари на граѓаните, граѓаните на Општина Штип плаќаат данок и ова се пари на граѓаните кои треба да се вратат во форма на проекти, во форма на работа, во форма на реализација”, истакна Јорданов
Во текот на денот улицата ќе биде ставена во функција, а во наредните неколку дена ќе биде поставен и вториот асфалтен слој, со што целосно ќе заврши реконструкцијата на улицата „Борис Кидрич“.
Ева Тушевска, М-Нет