Заврши сезоната во Третата македонска фудбалска лига – шампионите прославија за пехарите!

Заврши сезоната во 2024/2025 во сите пет региони на Третата македонска фудбалска лига, односно Исток, Запад, Север, Југ и Југозапад.

Шампионите во сите пет региони прославија за шампонските титули и ја заокружија успешната сезона, а сега остануваат уште баражите за остварување на втората цел, а тоа е влез во Втората лига.

Шкендија од Арачиново стана шампион во Трета лига – Север, буквално тимот кој е најквалитет во овој регион лесно стигна до шампионскиот пехар и ја оствари првата цел, а тоа е освојување на првото место и сега оди кон втората цел, триумф во баражот и на тој начин влез во Втора лига.

Тетекс ја оствари првата цел, стана шампион во Трета лига – Запад, а „штофарите“ ги делат еден меч односно баражот за експресно враќање во Втората лига, откако испаднаа минатата година.

Преспа е шампион во Трета лига – Југозапад, Ресен е пред можноста следната сезона да гледа второлигашки фудбал. Вчера екипата на Преспа го подигна шампионскиот пехар, па сега останува само баражот за Втора лига.

Во Трета лига – Исток регион кој најпрв заврши со сезоната екипата на Слога Виница го подигна шампионскиот пехар, а тимот на штипскиот стратег Емил Грнев, ќе игра бараж за враќање во Втората лига.

Екипата на Големо Коњари е шампион во Трета лига – Југ, со одлична сезона зад себе овој тим од прилепското го дели еден меч од враќање во Втората лига.

Овие се петте шампиони во Третата македонска фудбалска лига за сезона 2024/2025.

Александар Ванев, М-Нет