Македонија ЃП и Арсими во ПМФЛ, Башкими “преживеа” во Штип и ќе игра бараж за Прва лига!

Македонија ЃП и Арсими се нови прволигаши, тимот од Чегране ќе игра за првата во ПМФЛ, а “лавовите” експресно се враќаат во елитата.

Македонија ЃП одигра 0:0 против Беласица, а Арсими со 0:4 го декласираше Вардар Неготино, во рамки на последното 30. коло на Втора лига.

Башкими со 0:1 ја доби Брегалница во Штип и така ќе игра бараж за Прва лига, а мечот го одбележа и повредата на стрелецот Емир Асани.

Осогово со 4:0 го декласираше Вардарски, а пак Борец со 4:1 беше пресилен за Охрид.

Екипите на Вардарски и Борец испаднаа во Трета лига, а Осогово ќе игра бараж за опстанок.

Реми во Радовиш (2:2) на Детонит Плачковица и Победа, Скопје со 3:2 ја доби Каменица Саса, а пак Кожуф со убедливи 5:1 го декласираше Новаци.

Александар Ванев, М-Нет