
Целосно се завршени работните активности за имплементација на SCADA системот во филтер станицата во Штип. Како што информираат од ЈП Исар, активностите биле завршени до три часот по полноќ и водоснабдувањето е целосно нормализирано. Оттаму упатија благодарност за разбирањето и трпението. Имплементацијата на системот беше неопходна, бидејќи пред година и пол беше утврден сериозен проблем со загуби на вода од 58 до 63 проценти. Со имплементацијата на системот се очекува значително намалување на загубите на вода и зголемување на ефикасноста во управувањето со водоводната мрежа.
Иван Митев, М-Нет