
Забрзано се врши реконструкција на фудбалскиот терен во општина Зрновци со цел истиот да може да исполнува исполнува условите за натпреварување односно да може новиот третолигаш Светлост да настапува на домашен терен.
Како што вели градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев за М Нет, се врши уредување на теренот, се уредува постоечкиот објект со соблекувалните, простории за делегати, судии и гости, како и клупи за резервни играчи.
Следната година ќе следува комплетна реконструкција и уредување на фудбалското игралиште со патеки за трчање, со уредување на трибините, осветлување и изградба на комплетно нов објекти односно куќа на спортот.
ФК Светлост од Зрновци минатата сезона стана шампион во ОФЛ Кочани и со тоа се избори за учество во новата сезона во Трета лига – Исток. Екипата на Светлост утре ќе игра против Малеш од Берово.
Александар Ванев, М-Нет