
Продолжуваат активностите за изградба на спортско рекреативнот центар Џексон. Паузата од месец дена беше заради промената и измената во тек на изградба, посочи денеска градоначалникот, Иван Јорданов. Од денеска за шест месеца., со продолжување на активностите на терен треба да биде завршен проектот и граѓаните да го користат спортско рекреативниот центар.
„Заради промена и измена во тек на градба со цел и во насока на зголемување на трибинскиот простор и рационално искористување на просторот на СРЦ Џексон иамвме одреден застој во активностите во изминатиот месец дена. Но по измените се проодлжува со активности.“ – вели Јорданов.
Во нареднта половина година ќе се работи на нови трибини, соблекувални, тоалети и се она што е неопходно за да се добие посакуваниот изглед. Освен натпреварувања од спортски карактер овде ќе се реалиизраат и останати манифестации, како концерти и слично.
„Она кое ќе следува е изградба на трибински простор на три дела, пставување на челина конструкција, подтрибински простор, нови соблекувални и тоалети и нова подлога која ќе овозможи натпреварувања од најсовремен ранг.“ – вели Јорданов.
Капацитетот на новиот спортско рекреативен центар Џексон ќе биде илјада посетители и ќе има повеќенаменски карактер.
Лаура Стојанова М-Нет