И по 17 години граѓаните се сеќаваат на Тоше Проески, а неговите песни се слушаат насекаде

И по 17 години, штипјани сѐ уште се сеќаваат на нашиот Тоше Проески. На денешен ден, 16 октомрви 2007 година, тоа кобно утре Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Но неговите песни, мелодии и стихови сѐ уште се пеат, се повторуваат бидејќи не возможно е да бидат заборавени, велат граѓаните. И помладите и повозрасните сеќавајќи се на Тоше едногласни дека беше ѕвезда која засекогаш ќе остане да се памети.

„Ги слушаме и тоа многу ги сакам, он беше легенда. Ако беше сѐ уште жив ќе беше најдобар во светот.“ – велат граѓаните.

И не само штипјани, државата, балканот и цел свет се сеќава на прерано загинатиот Тоше. Во негова чест е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 17-тиот маратон во чест на Тоше. По повод 17 годишнината од смртта на Тоше, ќе се одржат два концерта во Хрватска.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Лаура Стојанова М-Нет