За три дена ќе се знае конечната одлука за стечајна постапка за штипска Баргала

За три дена ќе се донесе конечната одлука дали ке има стечајна постапка за штипска Баргала. На денешното трето рочиште од страна на ССМ се доставени нови докази од Управата за јавни приходни и Државниот трудов инспекторат. Како што истакна Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, не е исплатена минималната плата на работниците од АД Баргала, а сметката на истата е блокирана повеќе од 700 дена неопоходна е стечајна постапка.

„УЈП кажува дека образецот не преставува доказ за исплатени плати туку напротив решенијата кои ги издал Држаниот трудов инспекторат се доказ за усплатени плати. Во дадениов случај АД Баргала со решенија од ДТИ му се укажа дека платите не се исплатени согласно Закон т.е. дека се исплатени под минималната плата. Ова го потврдува нашето барање дека навистина овие стечајни работнички имаат побарување во АД Баргала и истите мора да бидат исплатени“ – додаде Димовски.

Истовремено денеска е поднесена втора кривична пријава против стечајниот управник бидејќи го сокрил извештајот од УЈП, додаде Димовски.

„Денеска поднесовме и втора кривична пријава до стечајниот управник бидејќи во извештајот од УЈП, тој ги крие наводите каде кажува УЈП дека му доставиле извештај за работењето на АД Брагала, а тој истиот извештај кога го изготвуваше за постапката никаде не го спомена“ – додаде Димовски.

Работниците од штипска Баргала само бараат да им се исплатат платите што е можно побрзо, бидејќи како што велат тие без пари не се живее. Дополнително на ова немаат платено ниту пензиско ниту здравствено осигурување.

Ова е трето рочиште за почеток на стечајна постапка за некогаш најголемата фабрика за чевли во Штип. Двете претходни рочишта беа одложени, а денеска после третото конечна одлука на судијата ќе се чека за три дена.

Лаура Стојанова М-Нет